реверзна осмоза
реверзна осмоза
реверзна осмоза
реверзна осмоза
ШTO E РЕВЕРЗНА ОСМОЗА?
РО СИСТЕМИ
РО систем е апарат кој се сместува под мијалникот и се приклучува на постојниот водоводен систем. Со РО системот од водата се отстрануваат: хлорот, бигорот, тешките метали и азбест, како и 99,9% од присутните бактерии и вируси. Прочистувањето е до 10 000-дити дел од микрон, што знали дека со ваквата филтрација во водата не останува никаква честичка која може да наштети на нашето здравје. Исфилтрираната вода се складира во посебен сад од 8,4л а водата истекува преку посебна хромирана чешмичка, која се поставува на мијалникот до постоечката чешма. Системите се убаво спакувани и ги имаат сите потребни елементи за брза и лесна инсталација. Вака прочистената вода може да ја користите за: пиење, за бебиња, за готвење и подготвување на пијалоци, за нега на лице и тело, за домашни миленичиња, или за кристално чисти коцки мраз за разладување во следните топли летни денови.
По што се разликува реверзната осмоза од другите филтри за вода?
Помалите филтри за вода ги отстрануваат само поголемите честички од водата, додека системот реверзна осмоза отстранува голем процент на растворени загадувачи (чисти молекул по молекул) од водата. Молекулите на водата под притисок се протнуваат низ нано микронското сито ( 0,0001 микрон) кое е врв во технологијата за прочистување на водата до ден денес.
Што се случува внатре во апаратот?
Водата од градската мрежа прво доаѓа во долниот блок кој се состои од група од три филтри со различни методи на филтрации на вода (два седиментни филтри кои ги отстрануваат сите нечистотии и покрупни честички и еден грануларен активен карбон кој има функција да го подобрува вкусот и мирисот на водата). Следна фаза е полупропусната мембрана која отстранува 96-99% растворени контаминанти од водата. Контаминантите се одвојуваат од мембраната и се испуштаат во одводот. Прочистената вода се складира во резервар. Во него се наоѓа дијафрагма во облик на балон, која е под 4 бари притисок. Како резерварот се полни, така расте притисокот на воздухот кој ја притиска водата нанадвор кога чешмата се отвара. Од тука водата продолжува на петти степен на филтрација – пост филтер за пеглање на водата пред самото користење, кој отстранува преостанати трагови од хемикалии, лош вкус и мирис. Како шести степен на филтрација може да се се стави минерализатор, кој во идеален баланс ги дава потребните минерали што му се потребни на човекот. На крај доаѓа цревото кое што ја води водата до посебна чешмичка за пиење.
Каде се сместува филтерот за РО?
Системот за реверзна осмоза обично се монтира под кујнскиот мијалник. Повеќето од клиентите обично го преферираат ова место. Секако, системот може да се монтира било каде се додека исполнува минимум технички услови за вградување.
РО е одлична замена за флашираната вода
Реверзната осмоза дава подобар квалитет од најчистата флаширана вода, и тоа по неколку стотина пати пониска цена од флашираната.
Здравствени придобивки
Филтрираната вода е драгоцена за човечкото тело – го прочистува, хидрира, освежува и подмладува. Со започнување на утрото со чиста филтрирана вода го подготвувате телото да се справи со целиот стрес и напор во текот на денот. Со секојдневно пиење на чиста вода го јакнете имунолошкиот и нервниот систем и спречувате појава на камчиња во бубрегот, во желудникот, појава на алергии и астма или висок холестерол.
Со РО системот имате неограничено количество здрава чиста вода во вашиот дом, наместо да трошите време и пари за престојана вода во пластична амбалажа.
Одржување на системот
Четирите филтри во просек се менуваат еднаш годишно (во зависност од потрошувачката и типот на вода времето за промена може да варира плус или минус неколку месеци). Терминот за промена не треба да се пропушти бидејки хлорот може брзо да ја уништи на мембраната. Осмотската мембрана нема рок на траење и се менува пред ТДС метарот да ја помине границата од 100 ппм, или отприлика секоја 2ра година.
АКЦИЈА: со секој купен РО Систем добивате бесплатен сет заменски филтри.
реверзна осмоза
реверзна осмоза
реверзна осмоза
реверзна осмоза