Гранитерм Инженеринг

 

Веднаш по своето основање во 2000-та година, Фирмата Гранитерм Инженеринг ja започнува својата работа со производство, продажба и монтажа на мермерни и гранитни плочи за греење, по што го добива своето име. Истовремено станува застапник на светски познатиот DEVI Denmark, првиот и најголем производител на електрични грејни кабли и мрежици кои се користат за подно греење во домови, комерцијални и индустриски објекти. DEVI Denmark во својата производна линија нуди решенија за надворешни услови за топење на снег и мраз, заштита од мрзнење на олуци, цевки, патеки и подести, скали, стојалишта, гаражни рампи, надворешни тераси, мостови, антени итн. Навистина е широка и разновидна примената на грејните кабли, која во пракса се потврди и во наши услови. DEVI Denmark денес е дел од групацијата Danfoss.                        

Во 2002 година Гранитерм Инженеринг почнува соработка и застапништво со француската компанија Thermor која е дел од групацијата Atlantic International со што формира мрежа од продажни места низ Македонија, каде се продаваат електрични конвектори, зрачечки панели, радијатори, регистри за бања и електрични бојлери. Сите производи се одликуваат со врвен квалитет, економичност, безбедност и сигурност при работа. И денес Тhermor е познат како број еден во Македонија со безброј задоволни корисници.                                             

Низ годините Гранитерм ја збогатува својата продажна програма со електрични грејни кабли од чешкиот производител Fenix кој многу брзо се издигна на европскиот пазар и ги следи најновите трендови за загревање на домови и индустриски објекти. Најголем дел од изведените објетки низ Македонија се од Fenix – Чешка.                                                   

Вистински хит во светот е најновиот производ за подно греење – грејна филм фолија Hotfilm која Гранитерм ја донесе во Македонија од најголемиот производител од Јужна Кореја. Hotfilm е идеално решение за домашно греење во многу верски објекти – особено многу џамии во Македонија се опремени на овој начин поради лесната и практична монтажа.

Во 2010 година Гранитерм отвори нов сектор, првенствено за прочистување на водата за пиење во домашни услови – јонизатори за вода од реномираниот производител Alkamedi од Јужна Коеја, а подоцна системи за реверзно-осмотска филтрација на водата од европскиoт  производители Polaqua i Amii и јонски изменувачи за отстранување на бигор од водата од унгарскиот производител Euro-clear Ltd. Гранитерм е застапник и на италијанскиот Aqua Brevetti чии производи се единствени и патентирани за отстранување на бигор и заштита од корозија на електричните уреди во домаќинствата како бојлери, машини за перење алишта и садови итн. Со својата палета на производи Гранитерм ги покрива сите проблеми кои се однесуваат на прочистување и  подобрување на водата за пиење со цел  превенција и заштита на здравјето на луѓето.