Благодарение на неговата едноставност и ефикасност, УВ стерилизација на вода со УВ зрачење значително се популаризира во последните десет години. УВ зрачењето на 253,7 nm (нанометри) е дел од сончевото зрачење. Кај УВ стерилизацијата тоа зрачење се создава по вештачки пат со помош на УВ лампата. УВ стерилизацијата создадена преку УВ лампа има многу поголем интензитет од сончевиот, па затоа таму лежи успешноста на овој систем кој е погоден за стерилизирање на вода.

УВ стерилизацијата преку УВ лампа за третман на вода е познат по 100% уништување на легионела, микроби, бактерии, вируси и секаков тип на микроорганизми. Нема никакво негативно влијание врз животната средина и човековото здравје. УВ стерилизацијата ја прави водата питка и целосно безбедна од бактериолошки аспект. Водата третирана само со овој процес не може да обезбеди квалитет на водата за пиење ако неговите хемиски својства не се во согласност со сегашните стандарди, но затоа Гранитерм инжинеринг може да направи комбинација на повеќе системи од нашата палета на производи за комплетно да го решиме проблемот со вода која микробиолошки е неисправна.

Нашата гама на УВ лампи за  УВ стерилизација се со различни величини и карактеристики, па така може да понудиме решение за домаќинство како и за индустриска примена каде има потреба од поголем капацитет. УВ стерилизацијата ни дозволува комбинирање на УВ лампи со други системи за цел да се добие технички исправна вода за пиење.

НЕКОИ ОД БРОЈНИТЕ ПРИМЕНИ НА УВ СТЕРИЛИЗАЦИЈА

1.Филтрација на дождовница
2. Вода од бунар
3.   Вода од чешма
4.   Изворска вода, површинска вода
5.   Вода складирана во резервоари (приколки, садови и сл.)

6. Домаќинство (кујна и бања)
7. Угостителски објекти
8.   Фонтани
9.   Аквариуми
10. Подготовка на вода за пиење за сточарството
11. Секаде каде што е потребна вода за пиење а водата е бактериолошки неисправна и небезбедна за нејзино користење

КАРАКТЕРИСТИКИ И ПРЕДНОСТИ НА УВ СТЕРИЛИЗАЦИЈАТА КАКО СИСТЕМ

  1. Едноставен и лесен систем за инсталирање и употреба.
  2. 100% дезинфекција
  3. Природен третман на вода без додатоци на хемикалии, нема опасност од предозирање.
  4. Нема непријатен вкус или мирис на вода.
  5. Докажана ефикасност против микроорганизми опасни за здравјето на луѓето.
  6.  Не се формираат токсични нуспроизводи.
  7.  Потреба за одржување сведена на минимум.
  8. Компактност.
  9.  Висок квалитет на вградени компоненти.
  10.  Опсег на капацитет: 1 до 10 m³/h.
  11. Можност за комбинирање на УВ стерилизатори со механички филтер и филтер со активен јаглен

купете ув стерилизатор

5,000.00ден – 33,000.00ден