Овој филтер ги штити домашните апарати од таложење на бигор и ја зголемува ефикасноста на детергентите 50%. Камените наслаги акумулирани во внатрешноста на елементите на апаратите за домаќинство предизвикуваат уништување на опремата и поголема потрошувачка на енергија. Овој филтер треба да се инсталира пред доводниот вентил на машината за перење / бојлерот.
FHPRA антибигор филтерот е опремен со поли-фосфатни кристали кои го претвораат бигорот во калциум фосфат со што се спречува таложење на бигор.
FHPRA работи со ладна вода.













