Грејната фолија е компатибилна со секој тип на суви подови (оние кои што не се лепат) вклучувајќи ламинат, таркет паркет, тепих итн. Уникатноста на грејната фолија е во тоа што под ламинат, тепих или линолеум, се мести без врзување и лепење (“сува монтажа”). По мислење на многу експерти, овој тип на греење е идеален за ламинат.
Не одзема ни 1cm од висината на собата. Фолијата е со дебелина од само 0.3 mm, рефлективната изолација – 3 mm. Бидејќи не се користи бетон, вкупното подигање на подот нема да надмине 3,3 mm. Тоа ни дава можност да се инсталира селективно само на потребните места во просторијата без да се создаде различна висина на подот.
Креира уникатен интериер. Со грејната фолија можете да греете секоја хоризонтална, вертикална, накосена површина, да ја вклопите во различни дизајнерски идеи. При ситни реновирања е идеално греење затоа што е брзо и веднаш спремно.