fbpx

Category Archives: корона вирус

Од кога КОВИД-19 започна да се шири низ целиот свет, луѓето станаа многу посовесни за чекорите потребни за заштита од инфекција. Додека се чини дека сите зборуваат за социјална дистанца и редовно ги мијат рацете, постои голема побарувачка и за здрава вода за пиење.

Се соочивме со недостатоци од храна и неопходни намирници на полиците во супермаркетите, меѓу кои флашираната вода не е исклучок. Овие услови се очекува се повеќе да го отежнуваат снабдувањето со доволно флаширана вода за домаќинствата, па луѓето бараат алтернативни решенија.

Системите за реверзна осмоза станаа омилена алтернативна опција за многу семејства – но дали вие сте од оние кои не се сигурни дека овие системи навистина можат да исфилтрираат доволно вируси, бактерии и други штетни материи што се наоѓаат во водата од чешма? Ве загрижува прашањето дали филтрираната вода може да се спореди со безбедноста на флашираната вода?

Научниците велат дека честичката на овој коронавирус е со дијаметар од околу 0,1 микрометар (100 нанометри), што значи дека ви е потребна мембрана за филтрирање помала од големината на вирусот, за да го блокира неговото поминување. Филтерната мембрана во РО системите на Гранитерм има големина на порите околу 0,0001 микрометар (0,1 нанометар), што осигурува лесно исцедување на вирусот заедно со многу други несакани супстанции.

Во споредба со флашираната вода, филтрираната вода е посвежа, поздрава и побезбедна. РO системот зазема многу малку простор под мијалникот и е лесен и безбеден за ракување. Има стабилно снабдување со вода и ги отстранува калциумот, магнезиумот, бактериите, органската материја, неорганските материи, металните јони и радиоактивните материи, обезбедувајќи ви слатка, кристално чиста вода.

Тоа значи дека значително ги зголемувате шансите да добиете почиста вода доколку користите систем за реверзна осмоза, но секако тука си го поставувате прашањето “што е со цената”? Ако изберете еден од РО системите на Гранитерм, ивестицијата би се движела од 9.000 до 20.000 денари, во зависност од производителот и типот на систем кој ќе го изберете. Споредбено со потрошувачка на флаширана вода, математиката е следната: во просек едно 4-члено семeјство кое користи флаширана купечка вода, дневно троши минимум 3 шишиња, или 80 денари дневно. На годишно ниво пресметката е дека тоа семејство конзумира околу 1100 шишиња флаширана купечка вода за која се потрошени минимум 30.000 ден. односно 500 евра.

Стартните трошоци за инсталирање на РО систем се многу помали, а трошоците за одржување на системот 10 пати помали од потрошувачката на вода на годишно ниво. Кога еднаш ќе поставите систем за филтрација, имате обезбедено решение за чиста вода за целиот живот!

Контакт | локација Контакт