што е јонизатор за вода?
Јонизатор за вода е апарат што користи процес на електролиза со цел да го промени составот на водата на молекуларно ниво, односно да ги одвои кислородот и водородот за да произведе алкална јонизирана и кисела оксидирана вода.
Алкамеди јонизаторот ја трансформира мртвата пасивна вода од чешма во жива алкална вода, најслична на водата од чист планински извор. Алкално јонизираната вода се смета за најздрав облик на вода за човечкиот организам, затоа што лесно се апсорбира во клетките, содржи корисни минерали, ги елиминира штетните радикали и ги штити клетките од стареење и болести. Киселата оксидирана вода делува антибактериски и е добра како чистач за надворешна употреба.
Алкална јонизирана вода
Алкалната вода има повисоко ниво на pH од обичната вода за пиење. Голем број на студии покажале дека конзумирањето вода со високот pH може да ги неутрализира штетните киселини во телото и со тоа да спречи или помогне при лекување на одредени болести. Додека алкалната вредност на водата произведена од јонизатор придонесува за алкализација и неутрализација на киселините во вашето тело, јонизираните атоми помагаат да се енергизираме, односно да се овозможи слободен проток на енергијата која се наоѓа во нашето тело.
Значи, благотворноста на јонизираната алкана вода е тесно врзана со два фактори: pH и ORP, за кои може да прочитате поопширно подолу.


Позитивен pH
Познато ни е дека водата е комбинација од водород и кислород – H2O. Количината на водородни јони во водата се мери со pH и одредува дали водата е алкална или кисела. Скалата на pH се движи од 0 до 14, а pH вредност од 7 се смета за неутрална вредност, балансирана помеѓу кисела и алкална. Ако водата е под 7 на скалата на pH, таа е “кисела“, ако е повисока од 7, таа е „алкална“. Колку е повисоко нивото на pH, толку течноста е поалкална, колку е пониска, толку е покисела.
Многу од јадењата што ги конзумираме го водат нашето тело на страната на киселоста на рН скалата, што може да му наштети на организмот. Алкалната вода има својство да ги неутрализира насобраните киселини и токсини и да ги отстранува од телото.
Алкална вода има повисоко ниво на pH од водата од чешма. Водата од чешма има pH околу 7, а алкалната вода е поблиску до околу 8 или 9.