ДИЗАЈН

Без разлика дали станува збор за основен систем за греење или дополнително греење, секоја инсталација се дизајнира во согласност со изгледот и намената на просторот. Системите за подно греење можат да ги загреваат сите видови на подови што планирате да ги инсталирате. Термостатот се наоѓа на ѕидот на вашата соба, на пример до прекинувачот за светло. Греењето не е видливо, не зафаќа простор и не се потребни цевки, греење и котли како кај подното греење на вода.

ЕНОКОМИЧНОСТ

Електричното подно греење е најекономично од сите системи за греење кои работат со мала потрошувачка на електрична енергија. Благодарение на дистрибуцијата на топлина од подот и прецизниот систем за контрола на температурата од страна на термостатот, просечната температура на загревање може да се намали за 1-2°C во споредба со традиционалното греење без да влијае на нивото на топлинска удобност. Ова овозможува намалување на загубите на енергија до 10-20%, што е и економски и еколошки исправно.

удобност

Електричното подно греење овозможува правилна распределба на топлината во однос на другите типови на греење на пр. радијаторски систем. Радијаторот ја крева топлината нагоре, до висината на главата, што понатаму оди до таванот за да се врати надолу како ладно струење околу стапалата. Од друга страна, електричното подно греење обезбедува пријатна топлина околу нозете, телото и главата. Бидејќи создава многу нежен проток на воздухот нагоре, количината на движечки честички од прашина е значително намалена, што создава поповолна микроклима за луѓето кои страдаат од алергии и астма. Но, удобноста не е единствената причина да се избере електрично подно греење. Покрај тоа, подното греење обезбедува минимална потрошувачка на енергија, флексибилност, издржливост и има десетгодишна гаранција.

ЗДРАВЈЕ

Научните истражувања покажаа дека подното греење е најздравиот систем за греење за луѓето бидејќи вертикалната дистрибуција на температурата во просторот е најблиску до физиолошката дистрибуција на топлината во човечкото тело.

Во просторијата што ја загреваме треба да доминираат услови како оние во идеални природни околности во пролет или рано лето. Температурата на воздухот не треба значително да отстапува од просечната температура на површината што се граничи со просторот (sидови, тавани и подови).

Додека температурата на површината што ја загреваме не треба да биде поголема од површинската температура на човечкото тело. Само површинското греење со ниска температура како што е подното греење, може да доведе до споменатите услови.

Овој систем за греење особено го препорачуваме на оние кои страдаат од алергии бидејќи загрева со ниска температура, па така не предизвикува  големи температурни разлики во просторијата и сушење на воздухот и нема горење и кревање прашина.

БЕЗБЕДНОСТ

Сосема безбедно, без никаква опасност за корисникот. Електричните спроводници се заштитени со заземјена обвивка и какво било оштетување предизвикува излегување на заштитниот елемент и прекинување на напојувањето. Електромагнетното зрачење е минимизирано и скоро не постои.

Дали се безбедни доколку дојдат во контакт со вода?

Да! Каблите и мрежите DEVI се тестираат за време на производството така што се ставаат во базен со вода, неколку часа. Успешно го поминуваат тестот, работат најнормално како и претходно.

ДОЛГОТРАЈНОСТ

Системот за подно греење е изработен од најквалитетни материјали, кои имаат животен век повеќе од 50 години. Без делови што можат да се истрошат и со помош на висококвалитетна технологија на електронски термостат, системот не бара никакво одржување. Гаранцијата на производителот за овие системи е 10 години.

DEVI producing произведува кабли за греење околу 50 години и сеуште нема случај на потрошен животен век на подно греење.

ЦЕНА

Цената зависи од површината на просторијата, загреаната површина и видот на системот (дали се користи како примарно или дополнително греење). На пример: за бања од 5m2 обично се потребни 4m2 Devimat ™ и термостат Devireg. Купувањето и инсталирањето на електрично подно греење обично чини помалку од кое било друго конвенционално греење. Правилото е – колку е поголема површината за инсталација, толку е пониска цената на системот за метар квадратен.

ГАРАНЦИЈА

Правилно поставени, Devi и Fenix каблите имаат 10 години гаранција и неограничен рок на траење. Гаранцијата се добива само доколку монтажата ја врши тимот на Гранитерм Инженеринг при што се загарантирано се запазуваат сите стандарди.

Инсталација

Инсталацијата на грејнатите кабли се врши над самата подлога од бетон во која предходно има поставено топлинска изолација.

elektricno podno greenje grejni kabli електрично подно греење грејни кабли

ПРОИЗВОДИТЕЛИ

Гранитерм соработува исклучиво со најквалитетните европски производители DEVI – Данска и Fenix – Чешка чии производи се произведуваат во Европа по највисоки стандарди со 10 години гаранција.

деви devi podno greenje подно греење
elektricno podno greenje grejni kabli електрично подно греење грејни кабли
феникс feniks fenix
elektricno podno greenje grejni kabli електрично подно греење грејни кабли