ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНО
- Брзо загревање на подот( 5-40 min.)
- Грејната фолија троши во просек 15-20% помалку струја од слични модели на греење. Со тајмер термостати се заштедата е уште дополнителни 20-25%.
ДОБРО ЗА ЗДРАВЈЕТО
- Еколошко, со медицински ефекти, не суши водух
- Уништува непријтни мириси, прашина, бактерии и мувли
- Нема магнетно зрачење
- Го јонизира воздухот и го зајакнува имунолошкиот систем
- Подобрува срцева функција, крвна циркулација, метаболизам
- Намалува стрес, смирува, лекува несоница
БЕЗБЕДНО И ДОЛГОТРАЈНО
- Отпорно на надворешен притисок, тешко е да се оштети, дури и да дојде до механичко оштетување, престанува да работи само оштетената графитна лента, остатокот од системот функционира нормално
- Заштитено од вода
- Трајност до 50 години

состав

Грејната фолија Heat Plus се состои од хомогенизиран графит над полиестерен филм. Електричната енергија се дистрибуира до грејната фолија преку двете бакарни ленти кои се наоѓаат по должина на краевите и тука се трансформира без губење на термичка енергија. Резултатот е избалансирано пренесена топлина во просторијата на најниска можна температура (што е исклучително добро за здравјето и заштедува електрична енергија). Грејната фолија е компатабилна со различни видови на подови, вклучувајќи ламинат, дрвен паркет, таркет, линолеум, тепих и секаков друг вид на “суви” подови.
примена
ИНСТАЛАЦИЈА
Инсталацијата на грејната фолија е многу брза, лесна и ефикасна, нема никакво лепење и врзување. Со избегнување на бетонирањето значително се штеди време и средства. Дебелината на грејната фолија изнесува само 0,3 mm, така што не одзема никаков простор во собата. Тоа ни дава можност да се инсталира селективно само на потребните места во просторијата кои сакате да ги загреете без да резултира со различна висина на подот. Може да се инсталира во секоја посакувана положба (вертикално, хоризонтално, на накосена површина). Процесот е едноставен, одзема малку време и дури не е потребен ни монтер.


Чекори за инсталација
- Грејната фолија е поделена на секции од по 25 cm, означени со место за сечење. Така можете по потреба да греете било која површина со едноставно сечење на потребната должина. Измерете ја добро површината што сакате да ја загреете и обезбедете ја потребната должина
- Вака спремна фолијата се поставува на посакуваната површина, врз изолацијата.Парчињата се поставуваат едно до друго, не треба да се преклопуваат.
- Поставете спојници и кабли за доток на енергија
- Тестирајте ја отпорноста на секој од елементите
- Доколку е се во ред може да ги поврзете со термостатот
- Процесот е завршен, веднаш може да го поставите ламинатот/таркет паркет/тепих…





купете Online и наместете сами
подно греење