деви devi

Примена

Системите за греење на цевки спречуваат да настанат оштетувања кои настануваат при замрзнување на цевките и го одржуваат протокот на течност на сите надворешни температури. Постојат две главни цели за користење на систем за греење на цевки:

  • заштита на цевки од замрзнување
  • одржување на посакуваната температура во цевките

Често се инсталираат за да се спречи замрзнување и оштетување на водоводните и санитарните цевки. Овие системи се користат особено во случаи кога цевките се слабо или воопшто не-изолирани. Ова може да биде случај во постари куќи со цевки во sидовите или на покривите, или цевки што се надвор, незакопани во длабочина, па често замрзнуваат.

Системите наоѓаат примена и во многу индустрии со цел да се одржи посакуваната температура на одредена течност. Ефикасно одржуваат проток на високо вискозни течности без разлика колку температурите се ниски.

Други области на примена се станбени згради, каде што e потребна испорака на топла вода во цевкитен кои обезбедуваат вода за сите станови, а често знаат да замрзнат.

заштита од замрзнување на цевки

Инсталација во или на цевките?

Системите за греење на цевките може да се инсталираат на или во цевки, на внатрешни и надворешни цевководи, како и на цевки што се под или над земјата.

Системите за греење на цевки се состојат од грејни кабли, термостати и прибор за инсталација. Термостатите со сензори осигуруваат дека се користи апсолутен минимум енергија за да се постигнат оптимални резултати.

greac kabel odmrznuvanje na cevki kabli greaci,заштита од замрзнување на цевки, одмрзнување на цевки, odmrznuvanje na cevki, kabli greaci za odmrznuvanje

Придобивки

 

  • цевки без мраз
  • постојан проток во цевките
  • намалена длабочина за подземни цевки
  • нема трошоци за поправка по суровата зима
  • без стврднување или акумулирање на маснотии во цевководот
  • без кондензација
  • ефикасно снабдување со вода