ГРЕЈНИ КАБЛИ ЗА
Кров и олуци
Заштита од снег и мраз за кровни конструкции, хоризонтални и вертикални олуци и кровни сливници.
прочитај повеќе побарај понуда
Системот за кров и олуци е применлив на било која кровна конструкција каде што постои опасност од создавање мраз и замрзнување на олуците. Овој систем ги намалува оштетувањата на кровните конструкции и олуците предизвикани од мраз. Се инсталира долж ивицата на кровот или на местата каде што постои ризик од задржување на снег и формирање мраз. Штетите се спречуваат со тоа што нема да се дозволи замрзнување на одредени места и протокот на вода ќе биде слободен.
Електронските термостати овозможуваат постигнување на оптимални резултати со најмала потрошувачка на електрична енергија. За да се постигнат тие резултати сензорите и термостатите ги регистрираат временските промени со голема прецизност, автоматски го вклучуваат и исклучуваат греењето во прав момент.
Системот се инсталира на кровни конструкции, хоризонтални и вертикални олуци и кровни сливници.
Во текот на зимата може да се случат непријатни појави како што е голема количина на снег и мраз која се акумулира на понискиот незагреан дел од кровот, кондензира и се претвора во големо парче мраз. Кога времето ќе се стопли, ова големо парче мраз може да се лизне по кровот и да ја оштети кровната конструкција и да биде голема закана за сите кои што се во близина.
За да се спречи акумулацијата на мразот грејните кабли треба да се инсталираат на нискиот дел од кровот кои што со единицата за запирање на снег најефикасно ќе го спречат клизнувањето.
Грејните кабли може да се покријат и со лим од истиот материјал од кој што е направен кровот за да се заштитат од механички оштетувања.
Целиот систем може да се контролира со некој од DEVIreg термостатите.
Грејните кабли може да се инсталираат на повеќе начини во олуците, но најчесто еден ист кабел се поставува и за хоризонталните и вертикалните олуци.
Во хоризонталните олуци каблите се фиксирани на правилна раздалеченост со помош на монтажна лента.
Во вертикалните олуци се закачува вертикален ланец во внатрешната страна на кој што се прицврстува грејниот кабел.
Грејни кабли во сливниците најчесто се поставуваат во поголемите згради. Грејните кабли се поставуваат напред и назад долж сливникот за да се постигне потребната јачина по м2.
Препорачано е да се стави монтажна лента за прицврстување на каблите во сливникот и ланец за прицврстување на кабелот во вертикалниот олук. Лентата се фиксира со силикон за да не се дупне сливникот. Што се однесува на термостат препорака е да се користи DEVIreg 850 со сензор за влага и регистрирање на снег и мраз.