Грејна фолија - топол под

grejna folija baner


ЗОШТО ГРЕЈНА ФОЛИЈА? ЗДРАВА ТОПЛИНА
 grejna folija zdrava toplina grejna folija 
  • Ултра тенка (0,3 mm), не треба бетон. 
  • Практично, мобилно, механички флексибилно и лесно за поставување. 
  • Не бара специјална припрема. 
  • Местење и пуштање во работа за неколку часа (20 m2 - 2 часа)
  • Брзо загревање на подот( 5-40 min.)
  • Еколошко, со медицински ефекти, не суши водух, го јонизира воздухот
  • Уништува непријтни мириси, прашина, бактерии и мувли
  • Нема магнетно зрачење
 
  • го јонизира воздухот и го зајакнува имунолошкиот систем
  • подобрува срцева функција, крвна циркулација, метаболизам
  • намалува стрес, смирува, лечи несоница

   grejni sistemi topol pod

ПРИДОБИВКИ И ПОВОЛНОСТИ ОД ГРЕЕЊЕТО СО ГРЕЈНА ФОЛИЈА

Споредба на грејната фолија со традиционални системи за греење Подното греење со грејна фолија има значајни предности во однос на традиционалните системи за греење.

Топло и поздраво, т.н. "Жива топлина". Преку 90% од инфрацрвената топлина на грејната фолија е долгобраново инфрацрвено зрачење со бранова должина од 5-20 микрони. Топлотните зраци продираат низ подот и потоа во целата соба на поразличен начин отколку кај традиционалните системи.

За да се креира пожелна микроклима важна е температурата на која човекот се чуствува пријатно. Човечкото тело оддава топлина околу 45-50% во инфрацрвениот спектар со бранова должина од 9.10 микрони (т.н. био-резонантен спектар). Исто така во инфрацврениот спектар е најинтензивна и апсорпцијата на топлина во телото. Ова значи дека при употреба на инфрацрвено подно греење, а другите услови се исти, луѓето се чуствуваат комфорно на пониски температури во просторијата и со тоа дишат повеќе свеж воздух кој не е прегреан.

Друга интересна особина на Инфрацрвеното подно греење (IR) - зголемена концентрација на негативни јони во просторијата. Во урбаниот воздух, користење на IR подно греење ја подобрува содржината на негативно наелектризирани јони за 4 пати. При работа грејната фолија не прави никакви шумови, вибрации, мириси, прашинки, не согорува кислород. Инфрацрвениот филм практично нема електромагнетно зрачење(неколку илјади пати помалку од обичен ТВ уред). Престојот на топол инфрацрвен под има особено позитивно дејство на здравјето на децата, на постарите и на лица со нарушено здравје. Има повеќе од 30 болести и состојби кои се третираат со инфрацрвено долгобраново зрачење. Помеѓу нив – алергиски нарушувања, имунолошки систем, метаболизам, кардиоваскуларни и репродуктивни системи.  

Употребата на IR грејна фолија е апсолутно безбедна и има има нежни лечителни ефекти кај луѓето. Инсталацијата е брза и лесна. Може да се вклучи и користи веднаш. Инсталирањето грејна фолија е едноставно, одзема малку време и дури не е потребен ни монтер. Се инсталира без врзување и лепак. При ситни реновирања е идеално греење затоа што е брзо и веднаш спремно.

Грејната фолија може да се инсталира врз стар под, и ако е потребно да се премести на друго место. Заштедува пари при купување, инсталирање и користење.

  1. Грејната фолија е поделена на секции од по 25 cm, означени со место за сечење. Така можете по потреба да греете било која површина со едноставно сечење на потребното место.
  2. Подното греење може да се инсталира на потребни места на подот, тоа нема да создаде различна висина на подот (дебелината на фолијата е само 0,3 mm).
  3. Со избегнувањето на бетонирање значително се штеди време и средства.
  4. Конечно, во користењето грејната фолија троши во просек 15-20% помалку струја (споредено со традиционални системи). Со тајмер термостати се штеди дополнително за уште 20-25%.

Грејната фолија е компатибилна со секој тип на суви подови (оние кои што не се лепат), вклучувајќи ламинат, таркет паркет, тепих итн. Уникатноста на грејната фолија е во тоа што под ламинат, тепих или линолеум, се мести без врзување ниту лепење ("сува монтажа").  Општо, по мислење на многу експерти, овој тип на греење е идеален за ламинат.

Не одзема ни 1cm од висината на собата. Фолијата е со дебелина од само 0.3 mm, рефлективната изолација - 3 mm. Бидејќи не се користи бетон, вкупното подигање на подот нема да надмине 3,3 mm.

Креира уникатен интериер. Со грејната фолија можете да греете секоја хоризонтална, вертикална, накосена површина, да се вклопи во различни дизајнерски идеи. Грејната фолија од 400W може да се употреби како невидливвграден радијатор за соби или за инфрацрвени сауни.

Може да се постави во секоја ситуација. Ако ви одговара, можете да го користите било каде, за огледала, теписи, слики, под вашето домашно милениче, како и за дополнително греење. Можете да го поставите дури и во соби под наем, за потоа да си го земете со себе при селење.

Ќе трае со години. Во производниот процес се користат повеќе патентирани технологии, кои гарантираат трајна беспрекорна работа на системот, вклучувајќи технологија на формирање воедначен отпечаток и униформна апликација на високотехнолошки нанос од јаглероден филм, сребрена мрежичка за сигурна конекција на јаглеродните линии со бакарните водилки, полиестерски филм со висок квалитет со висока изолациска способност и отпорност на оган.

За разлика од традиционалните системи, при механичка повреда прекинува со греење само повредената јаглеродна линија-околу 1cm, целиот систем работи исто како и пред тоа. Филмот е неосетлив на корозија и распаѓање со век на користење колку и самата градба.