Греење и заштита на цевки од мрзнење

Devi 007

Системот за греење на цевки спречува можни оштетувања кои што настануваат при смрзнување и неможност за одржување на постојан проток на течноста.

Системот за греење на цевки се користи за:

  1. Заштита на цевки од замрзнување.
  2. Одржување на посакуваната температура во цевките.

Системите за заштита од смрзнување се инсталираат кога постои потреба за заштита од смрзнување и оштетување на цевките за вода и санитетските цевки. Овие системи посебно се користат во случаи каде што цевките се слабо изолирани или без изолација. Ова може да биде случај кај старите куќи со цевки во ѕидовите или на крововите или цевки кои што се наоѓаат надвор на отворено без можност за нивно закопување.

Системите за одржување на температурата се инсталираат за да се обезбеди посакуваната температура на течноста. Системот може да се користи на пример во индустриската каде што е потребно одржување на протокот на течностите со висок вискозитет без оглед на ниската температура.

Друго подрачје за примена на овие системи се стамбените објекти, каде што на сите станари ќе им одговара моментална испорака на топла вода во цевките. Или во куќи каде што потребно е одржување на температурата на водата во цевките над 0°C за да може да има непречен проток на вода.

Дали греачите да се постават во или на цевките ?

Системите за греење на цевки може да се инсталираат во или на цевките, за внатрешни или надворешни цевководи како и за цевки кои што се испод површината на земјата.

Системите за греење на цевки се состојат од грејни кабли, термостат и инсталационен прибор, Термостатите со сензори обезбедуваат да се користи минимум енергија за да се постигнат оптимални резултати.

zastita od snega 12

Предности на производ

  • одмрзнати цевки
  • константен проток во цевките
  • подземните цевки би се поставувале на помала длабочина
  • без трошоци за поправка после ладна зима
  • без создавање на маснотија во цевководот
  • без кондензација
  • ефикасно снабдување со вода