Примена на системот за топење снег и мраз на скали и паркинзи

Најчести апликации на системот за топење снег и мраз на теренот се: паркинзи, гаражни рампи, пешачки патеки, надворешни скали, рампи, мостови итн. За топење на снег и мраз може да се користат грејни кабли со минимална снага од 20W/м. За контрола на системот се вградува автоматика DEVIreg 850 со сензор за влага и температура.


Инсталација под бетон

Грејните кабли треба добро да се прицврстат со помош на монтажна трака (која може да биде прицврстена на арматурата) за да не се поместуваат при нанесување на бетонот. Бетонот треба да ги покрие каблите потполно, да не се остават воздушни џепови. Исто така бетонската смеса не смее да содржи остри каменчиња кои можат да ги оштетат грејните кабли. Бетонот треба убаво да се исуши (околу 20 дена) пред првото вклучување на системот.

Инсталација под бетонски плочи, камен и керамика

Посебно треба да се внимава грејните кабли да не се оштетат при инсталација на системот под бетонски плочи. Површината мора да биде потполно рамна, без остри камења и други остри предмети, а сите дупки треба да бидат пополнети. Грејните кабли треба да се инсталираат на длабочина од 5-10цм под горната површина од покривката на подот.

sneg4

Инсталација под асфалт

Постојат две главни инсталациони методи за асфалт:
1.Грејните кабли да бидат покриени со тенок слој на песок или бетон (најмалку 2цм) пред нанесување на асфалтот, за да се заштитат од топлината. За овој метод препорачуваме DEVIsafe 20T, DSIG20 или Fenix грејни кабли MAPSV и ADPSV.
2. Ако асфалтот се нанесува директно преку грејните кабли тогаш препорачуваме Fenix MADPSP грејни кабли за асфалтни инсталации кои што кратко време се отпорни на температура до 240°C. Овој начин го намалува времето и трошоците за инсталација на системот бидејќи не е потребно покривање на каблите со песок или бетон.

Инсталација на паркинзи

Обично паркинзите се големи површини каде што е потребно брзо топење на снегот и мразот. Системот за топење снег и мраз реагира брзо и ефикасно против снег и е одлична превентива за мраз, па паркингот секогаш може да се користи во полн капацитет.
За овој систем е битно да биде поставена и автоматика за контрола DEVIreg 850.

sneg5

Гаражни рампи

Една од најголемите предности на системот за топење на снег и мраз е чистење на пристапите за коли и овозможување на непречено проаѓање во секој момент. Ова е од посебно значење за секоја куќа, а посебно онаму каде што е слободен пристап неопходен на пример за кола на брза помош или пожарникарски возила.

Постојат два начина за инсталирање на системот на гаражни рампи:
1.Покривање на целата површина со грејни кабли.
2.Покривање на површината каде што се движат тркалата на возилата.

sneg3 zastita od snega 2 

 

Тротоари

Системот за топење на снег и мраз може да обезбеди сигурна површина за пешаците. Освен ослободување на пешачките зони од снег, системот овозможува и чисти приоди до продавници.

sneg4

Надворешни скали

Системот за топење снег и мраз може да се користи како ефикасна превентива против лизгавите и опасни скали.
Препорака е надворешните скали ако се отворени да се изолираат од долната страна. Снагата по м2 на скалите треба да биде поголема од снагата по м2 во зоната пред скалите.
Каблите се инсталираат директно во бетон или во лепакот на плочките, гранитот итн. Доколку се поставуваат во бетон мораат да бидат покриени со 3-5цм бетон. При инсталирањето на грејните кабли треба да се отстранат сите остри камења или предмети од површината на скалите за да не дојде до нивно оштетување.

skali topenje

Рампи за утовар

Рампите за утовар мораат да бидат безбедни и ослободени од снег и мраз. Системот за топење на снег и мраз го намалува ризикот од несреќи и овозможува непречена работа во било кое време.
Рампите за утовар најчесто се отворени, па се изложени на влијание на ладното време, и заради тоа се препорачува површините добро да се изолираат за да се избегне губење на топлина на доле. Таму каде што не е возможно да е постави изолација, мора да се зголеми снагата по м2.

sneg