Заштита од мрзнење

Идеално решение за вашите проблеми во зима. Со високо квалитетните дански електрични грејни кабли најчестите проблеми кои ги имате во зима ќе ги немате повеќе. Економични и интелегентни решенија против мразот. Топење на снегот на приоди кон вашиот дом, канцеларија или бизнис објект. Решение за топење на мразот од олуците како и решение за заштита од мрзнење на цевки и решенија за предгревање на сите видови на флуиди.


Кровна примена на грејниот систем за топење на снег

zastita od sneg

Системот за кров и кровни олуци може да се инсталира на било која кровна конструкција каде што постои опасност од создавање мраз и замрзнување на олуците. Овој систем ги намалува оштетувањата на кровните конструкции и олуците предизвикани од мраз. Системот треба да се инсталира долж ивицата на кровот или на местата каде што постои ризик од задржување на снег и формирање мраз.

Во олуците каде што го има инсталирано овој систем штетата ќе биде спречена со тоа што нема да се дозволи замрзнување на одредени места и протокот на вода ќе биде слободен.

Електронските термостати овозможуваат постигнување на оптимални резултати со најмала потрошувачка на електрична енергија. За да се постигнат тие резултати сензорите и термостатите ги регистрираат временските промени со голема прецизност, автоматски го вклучуваат и исклучуваат греењето во прав момент.
Системот се инсталира на кровни конструкции, хоризонтални и вертикални олуци и кровни сливници.

Кровни конструкции

devi pokriv mrznenje

Во текот на зимата може да се случат непријатни појави како што е голема количина на снег и мраз која што се акумулира на понискиот незагреан дел од кровот која што се кондензира и се претвора во големо парче мраз. Кога времето ќе се стопли, ова големо парче мраз може да се лизне по кровот и да ја оштети кровната конструкција и да биде голема закана за сите кои што се во близина.

За да се спречи акумулацијата на мразот грејните кабли треба да се инсталираат на нискиот дел од кровот кои што со единицата за запирање на снег најефикасно ќе го спречат клизнувањето.

Грејните кабли може да се покријат и со лим од истиот материјал од кој што е направен кровот за да се заштитат од механички оштетувања.
Целиот систем може да се контролира со некој од термостатите DEVIreg 850, 316, 330, 610.

Кровни (хоризонтални) и вертикални олуци

topenje mraz oluci

Грејните кабли може да се инсталираат на повеќе начини во олуците, но најчесто еден ист кабел се поставува и за хоризонталните и вертикалните олуци. Во хоризонталните олуци каблите се фиксирани на правилна раздалеченост со помош на монтажна лента. Во вертикалните олуци се закачува вертикален ланец во внатрешната страна на кој што се прицврстува грејниот кабел.

Кровни сливници

oluci mraz zastita

Грејни кабли во сливниците најчесто се поставуваат во поголемите згради. Грејните кабли се поставуваат напред и назад долж сливникот за да се постигне потребната јачина по м2.
Препорака е монтажната лента за прицврстување на каблите во сливникот и ланец за прицврстување на кабелот во вертикалниот олук. Лентата се фиксира со силикон за да не се дупне сливникот. Што се однесува на термостат препорака е да се користи DEVIreg 850 со сензор за влага и регистрирање на снег и мраз.


Правилно поставени, DEVI каблите имаат 10 години гаранција и неограничен рок на траење