Тростепен систем

PurePro M100

Усовршен тростепен реверзно осмозен(Р.О.) систем кој зафаќа минимално место, а дава вода со ист квалитет како петостепениот систем


Р.О. систем е апарат кој се сместува под мијалникот во вашиот дом и се приклучува на постојаниот водоводен систем.Исфилтрираната вода се складира во посебен сад од 8,4л кој е под притисок, а водата истекува преку посебна хромирана чешмичка,која е над мијалникот. Филтрите се убаво спакувани и ги имаат сите потребни елементи за брза и лесна инсталација.Со Р.О. систем, од водата се отстранува: хлор,бигор,тешки метали и азбест,како и 99,9%ако има присутни бактерии и вируси.Вака прочистената вода може да ја користите за: пиење,за бебиња,за готвење и подготвување на пијалоци,потоа за нега на лице и тело,за домашни миленичиња, или за кристално чисти коцки мраз за разладување во следните топли летни денови.Филтрираната вода е драгоцена за човечкото тело-го прочистува,хидратира,освежува и подмладува.Започнете го денот со чиста филтрирана вода и подгответе го телото да се справи со целиот стрес и напор во текот на денот.Со секојдневно пиење на чиста вода вие го јакнете имунолошкиот и нервниот систем и спречувате појава на камчиња во бубрегот,во желудникот,појава на алергии и астма или висок холестерол.И не само тоа - со Р.О.систем Pure Pro вие имате неограничено количество здрава чиста вода во вашиот дом наместо да трошите време и пари за престојана вода во пластична амбалажа.

Комплетите содржат:

  • 8,4Л сад за вода под притисок направен по NSF стандард
  • Посебна хромирана чешмичка за филтрирана вода
  • Вентил за автоматско исклучување на системот по полнење
  • Инокс вентил и рестриктор
  • Вентил за отпадна вода со приклучок
  • Лесна инсталација - само приклучи и пиј!
  • Целосно проверено од пуштање вода и споено во фабрика
  • 100% тестирано и стерилизирано спремно за инсталација

 

upastvo ec105