Омекнувачи за вода

Тврдата вода содржи многу калциум и /или магнезиум – два “тврди” минерала кои предизвикуваат создавање на бледи дамки на стаклото, наслаги на кујнските славини и туш батериите во купатилата. Иако не е претерано опасна за пиење и наводнување на градини, тврдата вода може да создаде наслаги на греачите за вода, во машините за перење облека и садови, по чешмите во купатилата и кујните, туш кабините, кадите, ВЦ школките, плочките, казанче за пуштање вода итн. Се намалува и ефектот на сапуните или детергентите во тврда вода, а испраната облека станува крута и бледа.Се уништува вашата коса и кожа со тоа што поради тврдината на водата сапуните и шампоните не се раствораат доволно и при испирање останува невидлив слој на кожата и косата. Исто така потрошувачката на струја (бојлер, машина за перење облека и сл. драстично се зголемува затоа што греачите се обложени со бигор и поради тоа слабо/споро ја загреваат водата. 

casa vodaЗа омекнување на водата се употребуваат јоноизменувачки филтри (омекнувачи), кои се состојат од одредена количина на јоноизменувачка смола која што ги врзува за себе јоните на калциум и магнезиум, а ги заменува со јони на натриум. Со овој процес се отстранува тврдината на водата. Кога смолата ќе се засити, се пушта низ неа одредена количина на растворена таблетирана сол (NaCl) која што ја враќа во активна форма и одново е спремна за омекнување на наредна количина на вода. 

Омекнувачите се користат за припрема на вода за котли на низок притисок, кај различни грејни и разладни системи, различни постапки за перење на амбалажи, во болници, хотели и различни перални, за перење на стакло како и во сите други процеси во кои што смета тврдоста на водата. 

Ако вашата вода има преку 121ppm ( растворени тврди материи во водата), би требало да размислувате за поставување на омекнувач на вода. Во повеќето случаи, водата од земја (бунарска вода) е тврда. Населението во малите или руралните заедници често нема опција за поврзување на градска вода, туку се снабдува од приватни или комунални – заеднички бунари. Градската вода е исто така далеку од мека вода. 

Најбитниот чекор во донесување на одлука дали во вашиот дома е потребен омекнувач на вода е да дознаете дали водата која ја користите е ТВРДА. Ако користите градска вода, прашајте во водовод колку изнесува тврдината. Ако користите бунарска вода или имате природен извор, однесете вода во некоја лабораторија или донесете вода кај нас за да ја измериме тврдоста. Одредувањето на тврдината на водата е многу битен параметар за подесување на системот.

ОМЕКНУВАЧИ ЗА ВОДА

Секоја вода има одредена тврдост која ја чинат солите на магнезиум и калциум кои се растворени во неа. Во многу технолошки процеси и дома таа тврдост прави проблеми. За отстранување на тврдоста се користат јоноизменувачки филтери, т.н. омекнувачи на вода. Омекнувачите се всушност филтерски колони надополнети со одредена количина јоноизменувачка маса. Оваа маса (т.н. смола) ги врзува јоните на клациум и магнезиум и со тоа доаѓа до омекнување на водата. Кога ќе дојде до заситување на јоноизменувачката маса се врши регенерација со раствор на кујнска сол (NaCl) при што масата повторно се активира и се оспособува за продолжување на омекнувањето.

Фази на омекнување: Кога ќе дојде до заситување на јонската маса, таа треба да се изврши регенерација која ќе биде направена по следниот распоред:

  1. контраиспирање
  2. вовлекување на реагенс и регенерација
  3. дополнување на садот за солен раствор
  4. брзо плакнење

По овие фази масата е повторно активирана и спремна за повторно омекнување на водата.

Типови на омекнувачи: Омекнувачите може да бидат рачни и автоматски. Кај рачните во процесот на регенрацијаи повторно активирање учествува човекот, додека кај автоматските омнувачи човекот е заменет со автоматски вентил кој е монтиран на филтерска колона. Можностите на подесувања кај автоматските филтери се следните:

Временси старт на регенераци: Со контролерот на автоматскиот вентил можеме да наместиме време на почеток на регенерација. Тоа главно се користи кај што може да се предвиди потрошувачката. Во овој случај уредот ни дава информација за моменталното време, брзина на проток и количина на вода во м3 која до тој момент е омекната и време кога ќе почне следната регенерација. Сите фази на регнерацијата може да се нагодат посебно.

cristal omeknuvac slim