Зошто ни е потребен омекнувач

Секоја вода има одредена тврдост која ја чинат солите на магнезиум и калциум кои се растворени во неа. Во многу домови и технолошки процеси таа тврдост прави проблеми. За отстранување на тврдоста се користат јоноизменувачки филтери, т.н. омекнувачи на вода. Омекнувачите се всушност филтерски колони надополнети со одредена количина јоноизменувачка маса. Оваа маса (т.н. смола) ги врзува јоните на клациум и магнезиум и со тоа доаѓа до омекнување на водата.

Може да се забележи со око дека водата е тврда по дамките кои ги остава на мијалници, тушеви и садови. Тврдата вода исто така може да предизвика сушење на косата и кожата.

 
мека вода омекнувачи омекнување на вода omeknuvaci za voda tvrda voda bigor korozija

Поради тврдоста на достапната вода, предизвикана од присуството на јони на калциум и магнезиум, сè почесто во домовите се јавува потреба за користење на омекнувачи на вода. Омекнувачите се уреди кои ги отстрануваат штетните јони од водата и го подобруваат нејзиниот квалитет.

Вашите апарати во домаќинството што работат со вода – машини за миење садови, машини за перење, бојлери и слично ќе работат подобро и траат значително подолго кога работат со мека вода. Ќе забележите разлика и на вашата кожа и коса – ќе станат меки и сјајни. Вашите сапуни, млека за тело и шампони подобро ќе се пенат и траат подолго во мека вода. Користењето помалку сапун, лосион за тело и шампон на долг рок заштедува пари.
мека вода омекнувачи омекнување на вода omeknuvaci za voda

што е тврда вода и зошто не е добра

Едноставно кажано, тврда вода е вода која содржи високи концентрации на растворени минерали, поточно два “тврди” минерала – калциум и магнезиум кои се виновници за појавата на бeли дамки т.н бигор во домаќинствата. Иако не е претерано опасна за пиење и наводнување на градини, тврдата вода нанесува големи штети со тоа што создава наслаги на греачите за вода, во машините за перење облека и садови, по чешмите во купатилата и кујните, туш кабините, кадите, ВЦ школките, плочките, казанчето за пуштање вода итн. Го намалува и ефектот на сапуните или детергентите, а испраната облека станува крута и бледа. Исто така поради тврдината на водата сапуните и шампоните не се раствораат доволно и при испирање останува невидлив слој на кожата и косата, па со тек на време стануваат крути. Потрошувачката на струја драстично се зголемува затоа што греачите на бојлери, машини за перење  и сл. се обложени со бигор и поради тоа слабо/споро ја загреваат водата. 

мека вода омекнувачи омекнување на вода omeknuvaci za voda

Tврдата вода има висока содржина на растворен воден каменец и други штетни елементи. Негативни ефекти на тврдата вода:

  • Таложење на воден каменец во цевките, арматурите, електирчните грејачи (бојлери). 
  • Средствата за перење и нивните раствори имаат помала ефикасност при чистењето – поголема потрошувачка.
  • Со таложењето на воден каменец се намалува пресекот на цевката (протокот).
  • Бели дамки на садовите, приборот итн.
мека вода омекнувачи омекнување на вода omeknuvaci za voda

како да знаете дека имате тврда вода

Ако вашата вода има преку 121ppm честички (растворени тврди материи во водата), би требало посериозно да размислите за поставување на омекнувач на вода. Во повеќето случаи, водата од земја (бунарска вода) е тврда. Населението во малите или руралните заедници често нема опција за поврзување на градска вода, туку се снабдува од приватни или комунални – заеднички бунари. Градската вода е исто така далеку од мека вода. 

Најбитниот чекор во донесување на одлука дали во вашиот дома е потребен омекнувач на вода е да дознаете дали водата која ја користите е ТВРДА. Ако користите градска вода, прашајте во водовод колку изнесува тврдината. Ако користите бунарска вода или имате природен извор, однесете вода во некоја лабораторија или донесете вода кај нас за да ја измериме тврдоста. Одредувањето на степенот на тврдината на водата е многу битен параметар за подесување на системот за омекнување.

мека вода омекнувачи омекнување на вода omeknuvaci za voda

придобивки од користењето на мека вода

Меката вода има мала содржина на растворен воден каменeц и слични елементи што предизвикуваат водата да стане тврда. Со јонските уреди за омекнување може целосно да ги отстраниме или да ја намалиме содржината на таквите елементи. Придобивки од меката вода: 

  • Ги штити цевките, грејачите, водоводот, апаратите за домаќинство и со тоа им обезбедува подолг животен век
  • Алиштата се помеки на допир
  • Нема појава на бели дамки на садовите, цевките, мијалниците
  • Заштеда на средствата за перење и за омекнување до 70%
  • Заштеда на електрична енергија до 30%
  • Видливо намален број на поправки на апаратите за домаќинство кои работат на вода
  • Помека и поздрава кожа и коса
мека вода омекнувачи омекнување на вода omeknuvaci za voda

како работи омекнувачот на вода

Омекнувачите се всушност филтерски колони надополнети со одредена количина јоноизменувачка маса. Оваа маса (т.н. смола) ги врзува јоните на клациум и магнезиум и со тоа доаѓа до омекнување на водата. Кога ќе дојде до заситување на јоноизменувачката маса се врши регенерација со раствор на кујнска сол (NaCl) при што масата повторно се активира и се оспособува за продолжување на омекнувањето.

Има различни големини и стилови за да ја прилагодат големината на вашиот дом и семејство. Омекнувачот е инсталиран во подрумот, гаражата, орманот или каде и да има довод на вода во куќата.

Фази на омекнување: Кога ќе дојде до заситување на јонската маса, таа треба да се изврши регенерација која ќе биде направена по следниот распоред:

  1. контраиспирање
  2. вовлекување на реагенс и регенерација
  3. дополнување на садот за солен раствор
  4. брзо плакнење

По овие фази масата е повторно активирана и спремна за повторно омекнување на водата. Гранитерм Инженеринг врши редовно одржување на системите.

 

купи омекнувач

омекнувачи

Омекнувач 1

41,000.00ден

заштита од бигор

Mini Due Acqua Brevetti

5,900.00ден