примена

Системот за кров и олуци е применлив на било која кровна конструкција каде што постои опасност од создавање мраз и замрзнување на олуците. Овој систем ги намалува оштетувањата на кровните конструкции и олуците предизвикани од мраз. Се инсталира долж ивицата на кровот или на местата каде што постои ризик од задржување на снег и формирање мраз. Штетите се спречуваат со тоа што нема да се дозволи замрзнување на одредени места и протокот на вода ќе биде слободен.

Електронските термостати овозможуваат постигнување на оптимални резултати со најмала потрошувачка на електрична енергија. За да се постигнат тие резултати сензорите и термостатите ги регистрираат временските промени со голема прецизност, автоматски го вклучуваат и исклучуваат греењето во прав момент.

Системот се инсталира на кровни конструкции, хоризонтални и вертикални олуци и кровни сливници.

 

zastita od zamrznuvanje oluci krov cevki заштита од замрзнување олуци кров цевки топење на снег и мраз topenje na sneg i mraz

Кровни конструкции

Во текот на зимата може да се случат непријатни појави како што е голема количина на снег и мраз која се акумулира на понискиот незагреан дел од кровот, кондензира и се претвора во големо парче мраз. Кога времето ќе се стопли, ова големо парче мраз може да се лизне по кровот и да ја оштети кровната конструкција и да биде голема закана за сите кои што се во близина. 

За да се спречи акумулацијата на мразот грејните кабли треба да се инсталираат на нискиот дел од кровот каде што со единицата за запирање на снег најефикасно ќе го спречат клизнувањето.

Грејните кабли може да се покријат и со лим од истиот материјал од кој што е направен кровот за да се заштитат од механички оштетувања. Целиот систем може да се контролира со некој од DEVIreg термостатите.

zastita od zamrznuvanje oluci krov cevki заштита од замрзнување олуци кров цевки топење на снег и мраз topenje na sneg i mraz

Кровни (хоризонтални) и вертикални олуци

Грејните кабли може да се инсталираат на повеќе начини во олуците, но најчесто еден ист кабел се поставува и за хоризонталните и вертикалните олуци.

Во хоризонталните олуци каблите се фиксирани на правилна раздалеченост со помош на монтажна лента. Во вертикалните олуци се закачува вертикален ланец во внатрешната страна на кој што се прицврстува грејниот кабел.

zastita od zamrznuvanje oluci krov cevki заштита од замрзнување олуци кров цевки топење на снег и мраз topenje na sneg i mraz

Кровни сливници

Грејни кабли во сливниците најчесто се поставуваат во поголемите згради. Се инсталираат напред и назад долж сливникот за да се постигне потребната јачина по м2. Препорачано е да се стави монтажна лента за прицврстување на каблите во сливникот и ланец за прицврстување на кабелот во вертикалниот олук. Лентата се фиксира со силикон за да не се дупне сливникот.

Што се однесува на термостат препорака е да се користи DEVIreg 850 со сензор за влага и регистрирање на снег и мраз.